Марин Ле Пен побара референдуми за членство секаде во ЕУ

0
410

Лидерот на крајната десница во Франција Марин Ле Пен побара со референдуми за членство да биде повторенo искуството на Велика Британија во секоја земја во Европската унија, пренесе Франс прес. Таа ja нарече Унијата тоталитарna.

Ле Пен, која се определи за „бранител на слободата на народите да располагаат со својата судбина и да избираат своите закони“, при што објави на телевизија Тие Еф 1, дека Европската унија се распаѓа.

„Она што сакам е референдум во Франција. Секоја страна треба да може да се произнесе со референдум“, рече Ле Пен, цитирана од агенциите.

„Французите не се прашани од 11 години, а последниот пат нивен збор беше потиснати од традиционалните левичарски и десничарски партии“, продолжи претседателката на Националниот фронт, мислејќи на референдумот во 2005 година за Договорот за европскиот устав.