Марјан Неќак за музиката во балетските, театарските и филмските проекти

0
366

Претставата Дневникот на лудиот, додаде уште една во низата на награди, освоени на меѓународни реномирани фестивали.

Овојпат се работи за фестивалот во Бечеј, на 5-тото издание на фестивалот Бе Фемон.

Дневникот на лудиот, е во продукција на Moving Music Theatre, Подвижниот музички театар од Битола, во режија на Марјан Неќак, а во изведба на хрватскиот актер Озрен Грабариќ.

Оваа претстава годинава покрај оваа награда, беше наградена и на фестивалот ПУФ во Пула, Хрватска, за поединечно и заедничко уметничко остварување и презентација на познатото дело на Гогољ, потоа на фестивалот Инфант во Нови Сад, на фестивалот Мали сцени во Риека, доби три награди и тоа за најдобра музика, награда за главна машка улога и награда доделена од весникот „Нови лист“за машка улога, а тука е и наградата од публиката на фестивалот на монодрама во Битола. Тука е и наградата за Марјан Неќаќ на годинешното издание на фестивалот Војдан Чернодрински, за музиката во претставата Лазаревото писмо во режија на Љупчо Ѓоргиевски.

Неќак покрај овој проект, ја компонираше музиката за претставата на Данило Киш, а во режија на Александар Поповски , за Националниот театар во Нови Сад, Гробница за Борис Давидовиќ, потоа музиката за најновата претстава на Битолскиот театар во режија на Љупчо Ѓоргиевски – Крвави свадби, музиката за балетот чија праизведба беше во Португалија, со кореографот Сташа Зуровац, Песна над песните,дел од балетскиот триптих која неодамна имаше премиера во МОБ.во Скопје.

Моно операта Дневникот на лудиот, на 18 ти ноември гостува во Националниот театар во Белград.