Марк Цукерберг го носи Фејсбук во бегалските кампови

0
285

Главниот извршен директорМарк Цукерберг најави дека ќе обезбеди пристап до ,,Фејсук” во сите бегалски кампови.

Тој изјави дека компанијата ќе почне да соработува со Високиот комесаријат на ОН за бегалци.

Цукерберг вели дека со тоа што ќе им се обезбеди пристап до интернет во камповите, ќе се зголеми поврзаноста на бегалците.

,,На овој начин ќе им се помогне на бегалците да имаат подобар пристап до организациите за помош и да одржуваат врски со своите семејства”. – вели директорот.

Тој вели дека овие податоци ќе им помогнат и на ОН да донесуваат попаметни одлуки за решавање на бегалската криза.

Марк Цугерберг верува дека глобалниот пристап до интернет ,, треба да биде во центарот на стратегијата за глобален развој”, за да се помогне и во искоренувањето на сиромаштијата.

„Со поврзување на повеќе луѓе во земјите во развој , имаме можност да се создадат повеќе од 140 милиони нови работни места, спасување 160 милиони луѓе од сиромаштија , и да им дадеме на повеќе од 600 милиони деца имаат пристап до евтин алатки за учење. ” – вели директорот на Фејсбук.