Mаркетинг и одржливост на граѓански организации

0
487

Граѓанските организации имаат мисија која е главно фокусирана на подобрување на социјалните и/или еколошките услови во заедницата. Вакви се невладините организации (НВО), академски истражувачки институти, тинк-тенкови, верски организации, работнички синдикати, и сл. Одржливоста и маркетингот на граѓанските организации е комбинација на ресурси, влијание, и организациски иновации, за кои треба да се изградат капацитети преку транспарентни финансиски и административни процедури, со цел да се поттикне поголема доверба во и надвор од организацијата. Во таа смисла, одржливоста на граѓанските организации треба да вклучува механизми за стратешки менаџмент и сосем поинаков маркетингшки пристап, велат од Бизнис академијата Смилевски.