Маркетинг инвентивност- тоалетите место за реклама

0
478

Само што помисливме дека рекламите го достигнаа својот врв, маркетинг инвентивноста освојува нови области, поточно, тоалети, уште поточно – веднаш до лавабото во тоалетите.Се миете раце во тоелетот и веднаш уредот ќе ви го привлече вниманието.Гледате реклама која што претходно сте ја виделе или слушнале на некој електронски медиум, и велите браво за идеата, на кого ли му текна! Е тоа нам ни го открија „Creative crew“ од Битола

toalet reklama 2

-Идеата е стара веќе две до три години уназат . Инспирацијата е од истиот ваков начин на реклама но со малку потрадиционална алатка . Тие имаа печатени материјали кои беа поставени во некоја рамка . Покрај сите предности кои што ги има овај начин на рекламирање со такви традиционални начини на рекламирање ограничен си да поставиш повеќе реклами, не можеш цел тоалет да го излепиш со таква пишана реклама , и тка нашата идеа дојде да биде посовремена да може да има видео реклама , изјави Петрит Рамадани

tpalet reklama 3

За каков уред станува збор и колкав е интересот кај Битолчани за ваков начин на рекламирање

-Се работи за иновативна реклама. Поставени се таблет уреди кои ги имаат улога на билборд, и на овие уреди ќе се движи кратка реклама во текот на целиот ден и овие уреди се поставени до лавабото десно или лево на видливо место. Луѓето кога се во тоалет нивното внимание е одвлечено, и со овај начин видливоста на рекламата се зголемува. Има интерес кај битолчани за овај вид на рекламирање,може да се рекламира буквално се, освен нема логика да се рекламираат прехрамбени продукти, додаде Рамадани 

 Вакви уреди се поставени во 5 ресторани во градот: Белата куќа, во Белведере, во Хаус оф Манаки, во Паб Конект и во Капри.