Марш за подршка на бегалците

0
1445

Во центарот на Скопје се организира марш  за подршка на бегалците, на кој присуствува и француската амбасадорка во земјава Лоренс Оер.

Настанот е во организација на Хелсиншкиот комитет а активистите се на улици со транспаренти на кои пишува „сите сме дојдени од некаде“ и „Македонија, земја на хумани и солидарни луѓе.

Присутните активисти со едноминутно молчење изразија и сочувство со жртвите од вчерашните шест терористички напади во Париз во кој животот го изгубија 160 луѓе, а речиси 200 се повредени и посочија дека бегалците токму поради таква ситуација ги напуштаат родните краишта и тие не треба да се поврзуваат со терористичките напади во Франција.

Во меѓувреме, силно полициско присуство може да се забележи во Скопје, посебно околу објектите на дипломатски претставништва.

Без коментари

LEAVE A REPLY