Маршот на боговите-ревија на Викторија Арсовска на Модниот викенд во Скопје

0
1068

Младата дизајнерка Викторија Арсовска ќе се претстави со модна ревија на есенското издание на Моден викенд-Скопје со колекцијата наречена „Маршот на боговите“, во која креациите ќе ги асоцира на статусот на жената во времето на француската револуција и нивната борба за права и еднаквост. Ревијата на Викторија е закажана за 22 октомври, во 20 часот во Хотел Мериот.

Колекцијата брои 12 аутфити, има комплексност во кроеви, иновативност во спојот на материјали и колор кој пресликува една скриена емоција. Содржи монохроматски израз на неколку тонови на црно, истите во одредени модели се вкрстени со крем нијанси.
Презентирана е женственост и сексапил преку кроевите инспирирани од машки униформи и преку машката грубост на посебно избрани материјали. Корсети подзатскриени со капути и елеци од чоја и кожа, свилени фустани во комбинација со кожни каиши и метални копчиња, додека лелеавоста на истите се противи на крутиот штоф.

Колекцијата е еден приказ на нејзиниот храбар чекор, како дама и бунтовник истовремено.

– Интересот за мода започна во годините кога веќе бев сигурна дека уметноста има голем дел во моето тогаш сегашно, а и понатамошно развивање како личност. Сè она што успеав да го консумирам во текот на моите додипломски студии, праксата што ја стекнав работејќи на различни проекти и упорноста ми се основа на она што го презентирам денес-вели Арсовска за Стилист.

Повеќе во видеото во продолжение.