Масакар во Елбасан, тројца убиени, осум ранети

0
430

Засега непознати лица кои биле облечени во полициски униформи од автомобил пукале со автомати во угостителски објект во средата во доцните вечерни часови во Елбасан, при што убиле тројца и тешко раниле осум лица.
Масакрот се случил во еден објект во близина на фудбалскиот стадион во Елбасан, а според албанските медиуми станува збор за крвна одмазда.

Албанската полиција информираше дека убиени се Агрон Чапја, Ено Бедали и Ардит Синаколи. Од ранетите во тешка состојба се тројца, кои се префрлени на лекување. Во четврток во раните утрински часови  полицијата направила опсада на градот Елбасан, со цел да ги фати убијците.

Според првичните  информации убиствата се поврзани со претходни убиства што се случиле во Елбасан./крај/мф/мн