Масакар во Мексико, обезглавени осум членови на едно семејство

0
203

Осум членови на едно семејство биле киднапирани и обезглавени во северниот дел на Мексико.

Како што соопштија од полицијата во Мексико, тие биле грабнати од маскирани напаѓачи кои подоцна им ги отсекле главите. Случајот го пријавил еден член на семејството кој успеал да им побегне на киднаперите.

Крвавиот инцидент се случил во државата Чивава, а телата на убиените биле пронајдени во реон кој го контролираат наркокартели.

Без коментари

LEAVE A REPLY