Масакр во Тексас – Шест деца и двајца возрасни брутално убиени

0
1148

Шест малолетни деца и двајца возрасни, биле брутално убиени, во Тексас, во куќата во која живееле.

Децата биле на возраст помеѓу шест и 13 години, а двајцата возрасни се маж на возраст од 50 години и 40 годишна жена, кои живееле заедно со децата.

Според полицијата, сите биле најдени, со врзани раце и прострелна рана во главата. Полицијата соопштила дека при обидот да влезат во куќата дошло до кратка престрелка. Пукотниците завршиле кога Дејвид Конли (48) се предал на полицијата. Тој е уапсен и обвинет за убиство.

Полицијата претпоставува дека се работи за крвава разврска помеѓу нарушените односи и расправиите меѓу Конли и убиената жена. Едно од убиените деца, 13 годишниот Натаниел, бил дете на поранешната врска со убиецот и жената која ја застрелал.