Машиновозачите го прекинаа штрајкот, договорија навремена исплата на платите

0
1327

Машиновозачите го прекинаа штрајкот со глад. Ваквата одлука доаѓа по средбата на претсваниците на машинскиот персонал со министерот за транспорти и врски Мисајловски. На средбата им било ветено дека платите ќе ги добиваат во целост и навреме почнувајќи од октомвриската плата, зголемување на коефициентот за помошниците и исплата на патните трошоци најдоцна до 15-ти во месецот.

Од независниот сидникат на машиновозачи велат дека писмено одлуката за прифаќање на понудата ќе ја испратат до раководството на МЖ, Владата и министерството за транспорт и врски.

Од вчера во 18 часот машиновозачите се враќаат на работа, но предупредија дека доколку не се испочитуваат барањата повторно ќе го активираат бојкотот.

Без коментари

LEAVE A REPLY