Машки и женски труп пронајдени во Прилеп

0
709

Машки труп во распаѓање и 63 годишна мртва жена се пронајдени вечерва во Прилеп.

Машкиот труп бил пронајден кај Сточниот пазар во Прилеп во распаѓање, а 63 годишната жена е пронајдена мртва во својот дом, откако нејзиното семејство во неколку наврати се обидело да ја пронајде.

Според првичните неофицијални информации жената била почината пред 20 дена. На истата и се констатирани повреди во пределот на главата.