Масивни експлозии во Кина

0
272

Најмалку 44 лица се убиени и стотици други повредениво серија силни експлозии во складиште за опасни материјали во североисточниот кинески пристанишен град Тианџин доцна во средата.

Слики и видео снимки покажуваат гигантски огнови и голем облак во споредба со кој висококатници во близина изгледаат минијатурни. Експлозиите предизвикале бран последователни потреси кои ги вознемириле жителите неколку километри оддалечени од местото.

Билансот на загинати во кинескиот пристанишен град Тјенцин во експлозиите што се случија во средата,се зголеми на 112 лица, откако на местото на несреќата се пронајдени телата на уште загинати, јави денеска Синхуа.

Судбината на 95 луѓе е се уште непозната.

Во несреќата се повредени 750 лица.

Нови експлозии и пожари го потресоа вчера Тјенцин, но спасувачите пронајдоа и еден преживеан, кој е извлечен од изгореното складиште, три дена по експлозијата.