Маскиран полицаец уби 14 лица во џамија во Кабул

0
310

Најмалку 14 лица се убиени при напад врз шиитска џамија во Кабул во вторникот. повредените се 26-има, пријави АФП, цитирајќи го портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи Седик Седики.

Жртвите се 13 цивили и еден полицаец. Меѓу повредените исто така има тројца униформирани лица.

Напаѓачот, кој влегол со оружје и полициска униформа во храмот, бил застрелан од полицајци.

Нападот против светилиштето Сакхи – најголемата шиитска џамија во Кабул, настапува пред утрешниот празник Ашура, свет ден на жалост по повод смртта на внукот на пророкот Мухамед -Имам Хусеин, во 680 год

Без коментари

LEAVE A REPLY