Маслото од канабис пристигна во аптеките

0
494

Откако се донесе законот со кој се легализираше употребата на медикаменти од канабис, од вчера маслото од канабис почна да се продава во македонските аптеки. Оние на кои им е потребно, маслото може да го купат без рецепт од доктор.

Според концентарцијата на канабис во маслото, има два вида, односно со 5-процентен ЦБД и со 7- процентен ЦБД. Првиот е со цена од 2.400 денари, а вториот е со цена од 2.800 денари.

Освен за намалување на болките како хронична болка кај болни од малигни болести, мултиплекс склероза и од епилепсија , маслото од канабис може да се користи и за подобрување на имунитетот.

-Станува збор за масло од канабис кое може да има позитивни ефекти при состојби на стрес, анксиозност, нервоза, депресија, може да се користи против симптоми на гадење и повраќање, помага во одржување на балансот на цревната флора и, генерално, може да помогне за подобрување на имунолошкиот систем кај човекот, стои на Фејсбук страницата на Министерството за здравство.