Масовен анти-владин протест во Молдавија

0
207

Илјадници демонстранти се собраа денеска на анти-владин протест на централниот плоштад во главниот град на Молдавија, Кишинев, јави ТАСС.

Протестот е организиран од граѓанската платформа ДА за достоинство и правда.
Демонстрантите бараат оставка на претседателот Николае Тимофти и владата, спроведување на предвремени избори и враќање на една милијарда долари украдени од три трговски банки, со премолчена согласност од власта.
Тие исто така, бараат реформи на централната банка, главното обвинителство, комисиите за борба против корупцијата, судството, царинските служби и други структури на власт.
Организаторите ги повикаа насобраните граѓани да останат на плоштадот додека не бидат исполнети сите барања. Протестот е најавен како непартиски и беше планиран без симболи, но сепак голем број учесници носеа знамиња на Молдавија, Романија и Европската унија.