Масовна гробница на жртви на џихадистите откриена во Сирија

0
340

Масовна гробница со телата на десетици луѓе измачувани од страна на припадниците на екстремната сунитска група Исламска држава, е откриена во близина на североисточниот град Деир ез-Зор, пренесува во неделата сириската државна агенција SANA.

Според извештајот, „масовната гробница била откриена благодарејќи на локалното население на само седум километри источно од Деир ез-Зор, во местото Мрат. Во јамата биле закопани тела на „најмалку 100 луѓе, меѓу нив деца и жени“. Кај поголемиот дел од жртвите, според лекарите, биле забележливи огнострелни рани нанесени при егзекутирања од страна на терористите.

Во декември 2014 година, исто така, во близината на Деир ез-Зор, во селото ел-Кишкија, беше откриена гробница со телата на десетици цивили, мачени до смрт од џихадистите на Исламската држава. Се покажа дека жртвите се припадници на локалното племе Еш-Шаитат, кои одбиле да соработуваат со Исламската држава и да се борат против владините сили./крај/мф/сн