Масовна тепачка бегалски камп, повредени 14 лица

0
204

14 лица се повредени во масовна тепачка која што се случила во неделата вечерта во еден од бегалските кампови во Касел, Германија.

Меѓу повредените има и тројца полицајци.

Тоа го соопштија денес претставниците на органите на прогонот на Германија. Во судирот учествувале над 300 лица од различни националности. Борбата избувнала по расправијата помеѓу двајца бегалци за распределбата на храната во кампот.

Полицијата за кратко успеала да ги смири тензиите, но по некое време судирите избувнале наново. Неколку часа подоцна ситуацијата веќе била мирна. Во бегалскиот камп во Касел се наоѓаат околу 1.500 бегалци.