Масовна тепачка во ромската населба во Битола

0
5511

На 06.08.2017 година во 20,00 часот во ПС-Битола, било пријавено дека околу 15,00 часот во ромската населба “Баир“ настанала тепачка помеѓу две групи на луѓе при што со тешки телесни повреди се здобиле повеќе лица. Имено, тепачката во која од една страна учествувале Р.Р. (36), А.М. (67), Е.М (37)., А.М. (19), С.М. (41), Д.И. (16), Н.Џ. (52) и  Ш.М. (65) и лицата Ш.К. (32), М.К. (1991), И.К. (41), Р.Р. (17), К.Р. (39), Ш.Р. (42) и И.Ш. (34) од другата страна, започнала на ул.„Караорман“ во непосредна близина на поранешниот отпад „кај Такир“, за потоа да продолжи пред домот на А.М. (67) оддалечен на стотина метри од отпадот, за на крајот да заврши кај локалната продавница “Кенан“. Притоа со тешки телесни повреди се здобиле Р.Р. (36) и А.М. (67) – фрактура на глава, скршеница на надлактица и напукнати ребра, а повредено било и лицето Е.М. (37)   набиеница на нога, рана на глава и десна дланка. Повредите биле констатирани при Одделението за неврохирургија на битолската болница. Во врска со настанот  извршен е увид на местото на случувањето и СВР-Битола превзема мерки за целосно расчистување и документирање на истиот.

фото: архива

Без коментари