Масовни опозициски протести во Албанија

0
689

Премиерската фотелја на албанскиот премиер Еди Рама му е сериозна разнишана откако здружената албанска опозиција донесе одлука за одржување на масовни антивладини протести во Тирана на 13 мај.

Главните барања на албанската опозиција ќе бидат Рама да си поднесе оставка пред изборите и да се формира техничка влада која ќе создаде услови за слободно изразување на волјата на гласачите, тактика која е чекор по чекор ископирана од СДСМ и довчерашната македонска опозиција, која исто така долго протестираше и постави шатори за кампување пред владата.

Одлуката е донесена за време на состанокот меѓу претседателот на Демократската партија, Љуљзим Баша и раководството на организацијата.