Масовни овации за Ципрас на гласачко место

0
186

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјавил денес дека неговата презадолжена земја е решена самата да донесе одлука за сопствената судбина во еврозоната, со изјаснувањето на граѓаните на вонредниот референдум кој се одржува денес.

„Никој не може да ја игнорира пораката за решителноста на народот кој ја зема судбината во свои раце”, кажал Ципрас откако гласал во основното училиште „Димотика” во Атина.
Ципрас на гласачкото место бил дочекан со овации „Охи, охи!” (Не, не).
Пристигнувањето на Ципрас на гласачкото место го следеле голем број новинари од Грција и целиот свет, па се направила поприлична турканица пред влезот на гласачкото место.