Масовни протести против германските десничари

0
122

Со силна полициска заштира и масовни протести на мировните иницијативи,  во Келн почна дводневната партиска конференција на десничарско-популистичката Алтернатива за Германија (АфД), на која треба да биде прифатена програмата за следните парламентарни избори и да биде избран нов партиски врв.

Конвенцијата се одвива и во знак на внатрепартиски конфликти. „Мора да се држиме до реално-политичките насоки, инаку сликата на партијата во јавноста ќе биде премногу обоена од ставовите на малцинскиот но гласен дел од партијата“, изјави претседателката на партијата Фрауке Петри на почетокот на конгресот.

Таа со ова укажа на конфликтот меѓу екстремниот и умерениот дел од партијата, кој го претставува и самата. Петри на почетокот на неделата се откажа од функцијата главен кандидат на партијата на претстојните парламентарни избори во септември, што беше доживеано како победа на екстремната струја во самата партија која, меѓу другото, се залага и за пожесток однос кон вистината.

Се очекува дводневниот конгрес, кој се одвива под слоганот „Храброст кон вистината“, да мине во борбата меѓу двете струи што, според некои проценки, може да доведе до тоа на конгресот воопшто да не биде прифатена предложената предизборна програма.

Конфликтот во врвот на партија многумина го истакнуваат како причина за падот на популарноста на АфД, која до пред само неколку месеци имаше поддршка од 15 отсто од гласачите. Според последните истражувања на јавното мислење, партијата во моментов би ја поддржале само 10 отсто гласачи.