Масовни протести во Франција

0
246

Во Франција за денеска се најавени масовни протести поради предложениот закон за труд и се очекува железничкиот и авио сообраќајот да бидат нарушени.

Во Париз се очекува да има повеќе од 50.000 демонстранти, а трасата од 5,5 километри, која е предвидена за протестниот марш, е подолга од претходните собири.

Низ улиците ќе бидат распоредени голем број полицајци, а упатен е апел до синдикалните организации и демонстрантите да покажат одговорност.

Француската Национална железница најави за денеска прекин на некои линии, како и метрото во Париз, додека авиопревозникот „Ер Франс“, чии пилоти исто така го продолжија штрајкот, планира да обезбеди 80 отсто од летовите.