Масовни протести во Тетово против загадувањето, граѓаните ги блокираа влезовите од градот

0
424

Револтирани од енормното загадување,  неколку илјади граѓани на Тетово ги блокираа трите главни влезови на градот и маршираа по улиците. Побараа сите надлежни институции да преземат поконкретни мерки за намалување на високите концентрации на ПМ10 честичките во воздухот, со кои Тетово руши рекорди во загаденост на национално, регионално, а се „трка“ и на европско ниво.

Незадоволната толпа ги блокираше влезовите на Тетово кај Градскиот стадион, оној кај кружниот тек кај „Веро“, влезот кај Средното медицинско училиште и ректоратот на ДТУ, но се протестираше и пред општинската зграда и на централниот градски плоштад, каде тетовчани гласно кажаа „СТОП за загадувањето“.

Низ улиците се создаде река од револтирани граѓани, а можеше да се забележат и учениците од Економското училиште, Македонци и Албанци, како заедно протестираат против штетните состојки во воздухот, кои во вечерните часови се и 20 пати над дозволените граници.

Дел од топлата незадоволството го искажаа носејќи заштитни маски на лицето, други држеа транспаренти, трети извикуваа и свиркаа, а имаше и такви што фрлија јајца кон зградата на општината.

Без коментари

LEAVE A REPLY