Мата ја квалификува Шпанија и ја закова Македонија на дното од групата

0
732

Македонија – Шпанија 0:1 (0:1)

Македонија загуби од Шпанија со 0:1 (0:1) во натпреварот од Ц групата од квалификациите за пласман на Европското првенство. Селекторот на нашата репрезентација извади изненадувачки тим во кој од првата минута почнаа четворица битолчани: Пачовски, Брдаровски, Ристевски и Ивановски. Шпанците славеа со среќниот гол на Хуан Мата во 8 минута и освоија три бода со што го обезбедија учеството на Еевропското првенство во Франција, додека Македонија остана закована на последното место во групата. Почетното испитување на силите и летаргијата која владееше на теренот ја разби Хуан Мата кој во осмата минута го совлада Пачовски. Играчот на Манчестер Јунајтед нафрли од десната страна, топката доби чудна патека и заврши зад грбот на Томе Пачовски, кој не го процени нејзиниот лет и таа го изненади.