Матеа Мицковска добитник на награда на фестивал во Косово

0
345

Maтеа Мицковска од Битола, која ја претставуваше Македонија на интернационалниот детски фестивал во Приштина, Косово, на фестивалот -Приштина кидс фест, ја освои третатата награда.

Мицковска има само 9 години.

Пее на фестивалот Тра ла ла во Битола, а настапот во Приштина, беше нејзин прв настап надвор од границите на Македонија.

Матеа се натпреваруваше со учесници од Косово, Хрватска, Бугарија, Словенија, Молдавија, Австрија и Канада.

Раководителот на фестивалот Тони Алексовски, кој е член во жири комисијата на десетина фестивали ширум светот и амбасадор на детскиот мир од Светската асоцијација на фестивали и уметности WAFA, го истакна задоволството од учеството на фестивалот во Косово, каде исто така беше член во жири.

Фестивалот Тра ла ла доби уште неколку покани за гостувања на интернационални детски фестивали.

Во тек се подготовките на фестивалите Тра-ла-ла кидс и Тра-ла-ла Битола.

Фестивалот е успешен промотор на Македонија и македонската култура ширум светот бидејќи досега истиот е претставник на Република Македонија на голем број меѓународни фестивали и арт-манифестации, на кои се освоени голем број на награди.

Без коментари

LEAVE A REPLY