Матурантите од медицинско

0
7899

 

Матурата е круна на созревањето на средношколците. Eуфоријата пред самата матурска прослава е голема, а интензитетот се повеќе се зголемува со доаѓањето на матурската вечер.

Периодот на одбележување на матурските прослави, го започнаа матурантите од медицинското училиште „Д-р. Јован Калаузи“ од Битола, кои својата матурска забава ја одржаа во хотел Епинал.

На самиот влез весело, разиграно, а покрај играњето, матурантите се фотографираа, пееја, битолчани љубопитно ги гледаа згодните матуранти и матурантки кои изгледаа како да стигнале од некој гламурозен филмски фестивал.

Вистинската забава продолжи во ресторанот на хотел Епинал каде дел од матурантите ни кажаа што за нив значеше средното медицинско училиште но и самата матурска вечер.

Забавата траеше до доцна во ноќта. Ова е сигурно вечер која засекогаш ќе остане во сеќавање на матурантите.