Матурантите од СОУ.Таки Даскало го положија испитот на зрелоста

0
1971

 

Весело, разиграно, распеано, ова беше само дел од матурската прослава на матурантите од СОУ. Таки Даскало, кои својата забава ја имаа во ресторан Гранд Премиер.

Матурата е ден од соништата, ден на забава, веселба, дружење и сеќавање на убавите моменти од средното.
Пред самата забава претходеше фотографирањето а забавата ја направи пејачот кој е препознатлив не само во Македонија туку и надвор од нашата држава и ги прави најдобрите забави-Јошката .

Забавата дополнително ја загреа матурантот кој свиреше заедно со бендот на Јошката.

Матурската е спомен за цел живот .

Испитот на зрелоста, поточно оној ден од животот, кога полнолетниот човек треба да докаже дека е оспособен за влез во “светот на возрасните”, во својата суштина е обичај кој на овој или оној начин, наоѓа место во сите култури.