Матурантите од средното економско матурата ја прославија во House of Manaki

0
337

На самиот чекор до полнолетството, кога официјално се влегува во светот на возрасните, пред да се тргне во ново животно поглавје, како круна на средношколското образование се случува долгоочекуваната матурска прослава.
Од средните битолски училишта први матурската забава ја имаа средното економско училиште Јане Сандански.За да бидат различни од се она што досега се организираше за матурските прослави, тие се одлучија оваа ноќ да ја одржат во едно урбано тренди место во House of Manaki.

 

Maturanti_Ekonomsko_-_1.jpg

Пред најлудата средношколска ноќ се прават илјада планови, се оди во странство, се купува, се прават фризури.И оваа вечер матурантите од економското, покажаа дека се во чекор со светските трендови кога е во прашање стајлингот.

За забавата да биде комплетна се погрижи група Деспина.
Матурската е завршниот чин со кој се заокружува одреден степен на образование (средно), матурската е можност и начин за прославување на полнолетството, чин што се случува еднаш во животот и затоа треба посебно да се прослави, матурската е симбол на дружење и заедништво на една генерација.