Матурантите термин за на фризер барале уште во декември

0
4683

Стресот што се доживува околу самиот чин на прослава на матурата предизвикува и главоболки за многу родители. Организацијата и подготовката на матурантот знае да чини и неколку просечни плати, кои секој не може да ги обезбеди. Зборувавме за облеката која што ја одбираа матурантите но сепак на убавата облека мора да и парира и убава фризура.


– Секоја година се порано и порано се закажуваат матурантите, уште од демекври месец кога викаат,” најди ми термин за матурата, не знаеме каква фризура ќе правиме, ама да имаме термин”,така да малку каприц ми е тоа, оти повеќе се цени матурата, него дипломирањето или магистратурата ,изјави Диме Ивановски фризерско студио Кармен


Голем број од матурантите знаат да претераат и со желбите за тоа како да прослават и како да изгледаат.

– Стално кога ме прашуваат за совет јас ги советувам, малку посвечено ама не теткесто, да бидат природни баш онакви какви што биле тие четири години, затоа што тоа му е врв на нивната средна школа, а тој ден им е последен ден заедно, јас не ги обожавам фатени теткести фризури вели тој.

Но што е во тренд оваа година ?
– Стално е во мода тоа што му одговара на човек и што му стои на лицето, обично преферираат виткани коси, малку собрани од едната страна, во зависност од тоа какви фустани ќе носат, изјави Диме Ивановски фризерско студио Кармен

За многу од матурантите прославата е натпревар за престиж. За да ја организираат матурата родители земаат и кредити, а потоа со години ги враќаат парите на банките.

– Мое мислење е дека матурите премногу се комерцијализирани, мое лично мислење толкав трошок за една вечер не е потербно а професионално тоа е одлично за нас, бидејќи имаме уште повеќе работа вели тој.

Останува родителите секоја година да се снаоѓаат за пари, а матурантите уште во декември претходната година почнуваат да се организираат и да договараа фризура, шминка и облека.