Матурска прослава Музичко училиште Битола

0
3263

Матурската забава е настан кој што се чека цела година. Се прават подготовки, се организира се до најситен детал да биде совршено.

Во весела aтмосфера, матурантите од државното музичко училиште од Битола ,својата матура ја прославија во ресторанот Белведере.

Девојките облечени во прекрасни тоалети на кои им парираа момчиња со одличен стајлинг до раните утрински часови славеа за успешно завршените средношколски денови.

Класниот раководител Вилма Костовска со најубави желби за матурантите.
Покрај спомените од средношколските денови, дружењето ,матурската забава е настан за кој уште долго време ќе се зборува и ќе им остане во најубаво сеќавање на матурантите.