Матурска прослава на гимназијата Јосип Броз Тито

0
4775

Матурата претставува круна на полнолетството, почеток на нов циклус од животот. Се раскажуваат случки од средношколските клупи, матурантите се присетуваат на убавите моменти поминати во средно образование.

Матурантите од гимназијата Јосип Броз Тито, матурската прослава ја имаа во ресторанот Гранд Премиер.
Професорите со најубави желби за матурантите ,меѓу кои и директорот Печалев.

За веселата атмосфера се погрижи група Фонтана.

На крај, секој по својот пат го избира тоа што сака да биде во животот, но деновите од средното училиште никогаш не се забораваат.