Maтурска прослава на средното техничко училиште

0
1146

Матурантите од средното техничко училиште „Ѓорги Наумов”, ја одржаа својата матурска прослава во ресторанот на хотел Епинал.
Пред почетокот на забавата се фотографираа, битолчани љубопитно ги следеа и овие ученици, а додека пак тие се присетуваа на моментите поминати во средношколските клупи на техничкото училиште.
За атмосферата на самата матурска прослава се погрижи група Фонтана.

Уште месеци наназад пред матурската прослава се прават планови за најлудата средношколска ноќ.
А некои матуранти го искажаа и својот музички талент и дополнително ја разубавија забавата.

Матурата е посебно доживување за секој средношколец. На крајот од своето образование во средно се случува долгоочекуваната матурска забава, која матурантите од средното техничко училиште уште долго ќе ја паметат.