Матурска прослава на средното земјоделско училиште

0
2447

Матурските забави се во полн ек. Матурантите неколку месеци пред самото одржување се подготвуваат за истите, за на матурската вечер да блеснат во најубаво светло.
Така беше и на матурската прослава на матурантите од средното општинско земјоделско училиште Кузман Шапкарев, во ресторанот на хотел Милениум, кои го прославија завршувањето на средното образование.
Директорот на училиштето истакна дека оваа генерација на матуранти беше посебна и ги упати своите честитки по повод матурата.

За забавата се погрижија Елита бенд.

Сите се присетуваат на убавите мигови од средношколските клупи и интересните случки од средношколскиот живот, па така и матурантите од ова училиште уште долго ќе се сеќаваат на средношколските денови и матурските забави.