Матурска прослава на средното земјоделско училиште

0
1838

Со забава која траеше до раните утрински часови, матурантите од средното општинско земјоделско училиште Кузман Шапкарев, во ресторанот на хотел Милениум, го прославија завршувањето на средното образование.
Облечени во свечени тоалети и костуми, матурантите имаа незаборавна атмосфера која ќе остане врежана во нивните спомени.
Директорот на училиштето истакна дека оваа генерација на матуранти беше посебна и ги упати своите честитки по повод матурата.

Матурата претставува круна на полнолетството, почеток на нов циклус од животот. Се раскажуваат случки од средношколските клупи, се присетуваат на убавите моменти поминати во средно образование.
На крај, секој по својот пат го избира тоа што сака да биде во животот, но деновите од средно никогаш не се забораваат.