Maтурска забава на долната гимназија и земјоделското училиште

0
138

Матурските забави се во полн ек. Матурантите неколку месеци пред самото одржување се подготвуваат за истите, за на матурската вечер да блеснат во најубаво светло.

Така беше и на матурската прослава на земјоделското училиште Кузман Шапкарев во ресторан Белведере.

За веселата атмосфера се погрижи група Милениум.

Maturanti_-_3.jpg

И матурантите од долната гимназија Таки Даскало, ја имаа својата матурска забава во ресторанот на хотел Епинал. Весели, распеани,гламурозни.

За веселата атмосфера се погрижи Бојан Стојков и група Инструментал.

Maturanti_-_4.jpg

Сите се присетуваат на убавите мигови од средношколските клупи и интересните случки од средношколскиот живот, па така и матураните од овие две училишта уште долго ќе се сеќаваат на средношколските денови и матурските забави.