Матурски концерт на Давор Неќак

0
1471

Во Центарот за култура во Битола се одржа матурскиот концерт на баритонот Давор Неќак, кој своето средно образование го заврши во државното музичко училиште во Битола. Тој беше во класата на професорката Маја Митровска која истакна – Денес е ден кога моите чувства се и тажни и среќни. Сепак денес се чувствувам посебно. Оние кои ме познаваат, знаат дека се приврзувам за моите ученици, и тие стануваат дел од моето живеење. А некои остануваат овде, во душата, и таму ќе им биде местото целиот мој живот. Моите ученици се мои деца.
Давор е ученикот кој често ме оставаше без зборови со неговата радозналост, детето кое го прифатив од првиот момент како нешто посебно! Знаеше да се повлече, знаеше и да спори со мене, но умееше и да ме расплачи со неговото пеење.
Денес моето дете Давор порасна и стана човек. Сакам да се заблагодарам на неговите родители за целата доверба во мене сите овие години, среќни се со нивниот син.
Давор своето образование ќе го продолжи во Академијата во Загреб.

Без коментари