Матурски концерт на Дијана Мирчевска

0
172

Матурантите на државното музичко училиште од Битола, завршувањето на средното образование покрај матурските прослави,го одбележаа со матурски концерти. После заедничкиот концерт на сите матуранти,следуваа и поединечните концерти меѓу кои и оној на Дијана Мирчевска.
Таа образованието го продолжува во Скопје.
Учениците од музичкото училиште , редовно учествуваат на натпреварите во Македонија како и на интернационални натпревари .
Тие се добитници на голем број награди.

dijana_mircevska3.jpg
Солисти од Музичкото Училиште учествуваат на концерти со Македонската Филхармонија,исто така тие се вклучени и во Европскиот Оркестар на млади музичари.
Како институција со високи професионални квалитети, музичкото училиште, активно е вклучено во културното живеење на градот и регионот, организирајќи концерти по повод отворање на изложби, литературни презентации, соработка со други здруженија.