Матурски концерт на државното музичко училиште

0
238

Во периодот на матурските прослави, матурантите на државното музичко училиште од Битола, го изведоа својот матурски концерт во народниот театар .

Музичкото училиште од Битола е меѓу најстарите во Македонија.

Како институција со високи професионални квалитети, активно е вклучена во културното живеење на градот и регионот, организирајќи концерти по повод отворање на изложби, литературни презентации, соработка со други здруженија, со фестивалот на класична музика „Интерфест – Битола”.Помеѓу многубројните концерти во текот на годината за прв пат организираа концерт на сите матуранти.

Muzicko_Maturski_Koncert_-_2.jpg

Секоја година, Муичкото Училиште организира свој годишен концерт и концерт по повод Нова Година. Веќе 15 години организира концерт насловен „Шопенова Вечер” по повод денот на независноста на Полска во соработка со здружението за Полско – Македонска Соработка.

Како институција отворена за соработка, организира и учествува на семинари со странски професори, во најголем дел со пијанисти, меѓу кои: Андреј Диев (Русија), Павел Егоров (Русија), Елена Дикова (Бугарија), Антон Диков (Бугарија), Акилес дел Вињ (Франција), Марчела Крудели (Италија).

Muzicko_Maturski_Koncert_-_1.jpg

Учениците редовно учествуваат на натпреварите во Македонија како и на интернационални натпревари .

Тие се добитници на голем број награди: лауреат, први, втори, награда „Климентина Рафајловска” .

Солисти од Музичкото Училиште учествуваат на концерти со Македонската Филхармонија,исто така тие се вклучени и во Европскиот Оркестар на млади музичари.