Матурски концерт на Фросина Марковска и Мартин Тренески

0
166

Во екот на матурските прослави, музичкото училиште од Битола ги одржува традиционално матурските концерти.

Првиот во низата од нив е матурскиот концерт на Фросина Марковска и Мартин Тренески , ученици од класите по соло пеење на професорките Марина Коруновска и Маја Митровска.

Maturski_Koncert_-_1.jpg

Овие ученици се добитници и на бројни награди во текот на своето школување во музичкото училиште.

Гости на концертот беа баритонот Марјан Толевски и пијано придружба на Анастасија Гичевска.

Maturski_Koncert_-_2.jpg

Мартин и Фросина изведоа повеќе композиции од различни музички периоди во пијано придружба на Александра Јанковска Момировска.