Матурски концерт на Сара Цветкоска

0
604

Матурантите на Државното музичко училиште од Битола, завршувањето на средното образование покрај матурските прослави, го одбележаа со матурски концерти. После заедничкиот концерт на сите матуранти, следуваа и поединечните концерти меѓу кои и оној на Сара Цветкоска, која е во класата на професор Марија Шамоска Буџаковски.

На програмата на концертот се изведуваа дела на Дебиси, Бах, Бетовен, Лист и многу други.

Учениците од музичкото училиште, редовно учествуваат на натпреварите во Македонија како и на интернационални натпревари. Тие се добитници на голем број награди.

Солисти од Музичкото училиште учествуваат на концерти со Македонската Филхармонија, исто така тие се вклучени и во Европскиот Оркестар на млади музичари.

Како институција со високи професионални квалитети, музичкото училиште, активно е вклучено во културното живеење на градот и регионот, организирајќи концерти по повод отворање на изложби, литературни презентации, соработка со други здруженија.