Матурски прослави на горната гимназија и техничкото училиште

0
252

Матурата претставува круна на полнолетството, почеток на нов циклус од животот. Се раскажуваат случки од средношколските клупи, се присеќаваат на убавите моменти поминати во средно образование.

Матурантите од гимназијата Јосип Броз Тито, матурската прослава ја имаа во ресторанот Гранд премиер.
Професорите со најубави желби за матурантите ,меѓу кои и директорот Печалев.

Последната матура од сите средни училишта во Битола беше онаа на средното техничкото училиште „Ѓорги Наумов”.

Maturanti_Gorna_Gimnazija_-_3.jpg

Тие прославуваа во ресторанот на хотел Епинал.

Пред почетокот на забавата се фотографираа, битолчани љубопитно ги следеа и овие ученици, а додека пак тие се присеќаваа на моментите поминати во средношколските клупи на техничкото училиште.

Maturanti_Tehnicko_-_2.jpg

Со играње, пеење и фотографирање , потсетување на средношколските денови кои никогаш не се забораваат, се одбележа завршувањето на средното училиште и почеток на влегување во една нова фаза од животот на секој матурант.

За веселата атмосфера на двете матурски прослави се погрижи група Боеми.