Матурски прослави на средното медицинско и средното музичко училиште од Битола

0
1347

Матурската забава е настан кој што се чека цела година. Се прават подготовки, се организира се до најситен детал да биде совршено.

Во весела aтмосфера, матурантите од државното музичко училиште од Битола ,својата матура ја прославија во ресторанот Белведере.

Девојките облечени во прекрасни тоалети на кои им парираа момчиња со одличен стајлинг до раните утрински часови славеа за успешно завршените средношколски денови.За атмосферата се погрижи група Модус.

Maturanti_-_1.jpg

Матурантите од медицинското училиште „Др. Јован Калаузи” од Битола, својата матурска прослава ја одржаа во хотел Епинал.

На самиот влез се играше, се пееше, се фотографираа, додека битолчани љубопитно ги гледаа згодните матуранти и матурантки кои изгледаа како да стигнале од некој гламурозен филмски фестивал.

И овде класните раководители со најубави честитки за матурантите.

Maturanti_-_3_copy.jpg

За забавата се погрижи група Тајфата.

Во секој случај, покрај спомените од средношколските денови, дружењето ,матурската забава е настан за кој уште долго време ќе се зборува и ќе им остане во најубаво сеќавање на матурантите.