Мавровски промовираше книга за Егејците

0
627

„Оваа книга не претендира да ги каже историските факти , не е историографски прецизна со време, настани и личности. Зошто? Ова се белешки од мојот татко кој ги пишувал некаде во далечните 90 ти години , со временски интервал од повеќе од 40 години од некои случувања“, стои во предговорот на книгата „Кажувањата на еден Желеец“, од авторот Спиро Мавровски.
Вели дека настаните неговиот татко ги напишал во 2 до 3 тетратки, а тој како негов син почувствувал потреба, сето тоа да го среди, да го подреди, со цел да го претстави Ристо Мавровски пред своето семејстцво, па и пред пошироката јавност , што оставил и за што се борел

-Ја промовирам првата книга во Градската Библиотека за мојот родител Ристо Мавровски. Книга која е посветена за мал но многу голем човек, човек кој претрпел многу во животот. Судбината на нашите луѓе од Беломорскиот дел од Македонија на еден начин се она што тој поминал во тој дел на Македонија, во Полска, неговото доаѓање во Македонија, многу пиолитички воени настани се кажани во книгата „Кажувањата на еден Желеец“, изјави Спиро Мавровски автор

Oваа е прва книга на Спиро Мавровски но најави и продолжение на „Кажувањата на еден Желеец“. Пред присутните на промоцијата авторот меѓу другото рече:

„Следното ако го има, би напишал нешто лично и мои размислувања за одредени настани, малку или многу поразлични од неговото видување и доживување на настаните каде тој беше директен учесник. Од временска дистанца некои работи изгледаат поразлично“.