Маж и жена уапсени за нападот во Ница

0
609

Полицијата во Франција уапси маж и жена во текот на истрагата за нападот на 14 јули во Ница.

Вчера беа повикани на распит четворица мажи од опкружувањето на Тунижанец кој го изврши нападот во Ница, и им беше изречена мерка притвор. Поранешната сопруга на напаѓачот, која беше уапсена во петокот, уште не е ослободена.

Во нападот на Денот на Бастилја  загинаа 84 лица. 31-годишниот Мохамед Булел удри со камион во толпа и 2 км газеше луѓе.

Властите ги истражуваат наводните негови врски со радикалниот ислам. Вчера „Исламска држава“ ја презема одговорноста за нападот во Ница во кој над 80 луѓе без прегазени.