Маж се качил на зградата на амбасада каде што се крие Асанж, обезбедувањето го фатило

0
295

Непознат маж се обидел да се качи на зградата на амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што веќе четири години престојува новинарот Џулијан Асанж, соопшти денес неговиот сајт Викиликс.„Во 2:47 часот по полноќ непознат маж се качи на ѕидот до прозорецот на еквадорската амбасада во Лондон, а избега откако беше алармирано обезбедувањето“, се вели во соопштението на Викиликс.

Шведските власти од 2010 година бараат апсење и екстрадиција на Асанж, кого две Швеѓанки го обвинија за сексуално малтретирање.

Британски суд во 2011 година донесе одлука за екстрадиција на Асанж во Шведска, по што тој најде засолниште во амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што сѐ уште се наоѓа.

Негова екстрадиција бараат и САД, кои сметаат дека со објавувањето тајни за американската политика и дипломатија ѝ наштетило на американската национална безбедност, поради што Асанж стравува дека Шведска би можела да им го предаде на САД.

mkd.mk