Маж се разнел со бомба во Белград

0
660

Според МВР, трагедијата се случила околу еден час по полноќ.

Лицето А.Р. (36) синоќа се разнело со бомба во семејната куќа во белградската населба Рушањ.

Трагедијата се случила околу 1 часот по полноќ.

Семејството и пријателите на човекот се собрале во дворот на куќата каде што се случила трагедијата.

„Беше добар, не правеше проблеми. Можно е да било несреќен случај, ништо не укажуваше на самоубиство“, изјавил за Блиц еден од пријателите.

Засега не се познати деталите од трагедијата.