Mаж со моторна пила сечел луѓе

0
607

Најмалку пет лица се повредени, од кои две потешко, во напад со моторна пила врз луѓе во градот Шафхаузен на северот на Швајцарија, пренесуваат светските агенции.

Полицијата соопшти дека најверојатно не станува збор за тероризам и дека напаѓачот е идентификуван, но сѐ уште не е уапсен.

Полицијата пристигнала на местото по пријава дека повредени луѓе лежат на улица. Поголем дел од градот е блокиран, хеликоптери ја надлетуваат областа на нападот, а полиција има насекаде, јавува Би-би-си.

Сѐ уште нема детали од нападот, но локалните медиуми известуваат дека полицијата во центарот на Шафхаузен спроведува операција поради „специјална ситуација“.

Портпаролот на полицијата во Шафхаузен потврди дека во тек е операција, но одби да изнесе какви било детали, пренесува швајцарски Локал.

Без коментари