Маж со нож напаѓал минувачи во Германија

0
206

Маж нападнал со нож минувачи во германскиот град Магдебург, повредена е постара жена, која е примена во болница без опасност за животот. Според очевидци, повредени се уште две лица, соопшти ТАСС.

Напаѓачот успеал да избега, полицијата го бара. Според првичните информации тој е на возраст меѓу меѓу 25 и 35 години. Неговите мотиви остануваат непознати.

На 19 јули 17-годишен Авганистанец ги нападна со секира и нож патниците на воз во близина на германскиот град Вюрцбур. Тогаш напаѓачот рани три лица и беше убиен од полицијата.