Маж уби две лица и рани 11 на концерт во Австрија, по што се самоуби

0
761

27-годишен маж убил двајца, а ранил 11 луѓе во западна Австрија, па се застрелал себеси, соопшти полицијата денеска.

Мажот во текот на ноќта се скарал со својата девојка во Ненцинг во провинцијата Форарлберг, соопшти полицијата.

По расправијата околу 3 часот наутро тој од автомобилот извадил пушка и почнал да пука по насобраните 150 луѓе што присуствувале на концертот, кој бил во организација на мотоциклистички клуб.

Девојката не е повредена, соопшти полицијата.